четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 3

Кој хороскопски знак ќе ве сака до гроб, а кој ќе ве остави пред олтар?

Те сакам - двa мали зборови што можат целосно да го променат животот на две лица. Меѓутоа, кога и како Хороскопските знаци ги изгоараат овие зборови, и дали може да им се верува?

horoskop24

Поврзани вести

Те сакам – двa мали зборови што можат целосно да го променат животот на две лица. Меѓутоа, кога и како Хороскопските знаци ги изгоараат овие зборови, и дали може да им се верува?

Овен

Лицата полни со ентузијазам, како Овните, може сешто да изречат во моментот на занос, а подоцна тоа … да го заборават. Како што се изјавите на љубов. Добро ќе постапите ако тоа не го сфатите премногу сериозно и не почнете да правите грандиозни планови. Со ова несакаме да ве наведеме да се посомневате во искреноста на вашиот партнер во знакот на Овен, напротив. Нему можете да му кажете сешто, но никогаш лаги. Но, сепак, како што во природата постојат инсекти кои живеат само еден ден, има знаци во хороскопот кои се заљубуваат на само една недела!

Бик

Ако ги очекувате познатите зборови од еден Бик – може долго да чекате! Ќе се намачите додека да ги слушнете од него. Но, кога еднаш ќе ги изговори, никогаш нема да го повлече својот збор, и тоа ќе биде врв на вашата приказна. Ќе ги каже од срце, искрено. Ова е доказ дека за добрите работи вреди да се чека.

Близнаци

Тој ви рекол дека ве сака? Побарајте го тоа и во писмена форма, за секој случај. И немојте да бидете изненадени ако го потсетите на неговите зборови во блиска иднина, и тој ви каже: „Јас сум го рекол тоа? Кога? “. Поради ова, не би било лошо во вашата глава да ја меморирате локацијата, времете, како и тоа, што точно рекол пред и по изјавата на љубов. Ако му ги изнесете тие детали, можеби ќе може да се сети на неговите зборови,  за кои што толку мудро се погрижил да ги заборави.  Запомнете го следново: Близнаците се убав тип на луѓе, а со нив и никогаш нема да и биде здодевно, бидејќи животот е полн со изненадувања. Но, не секогаш со пријатни.

Рак

Ако еден Рак ви рекол дека ве сака, треба да знаете дека тоа и го мисли. Дури и ако се уште не го мисли тоа, наскоро ќе почне. Значи, може да се случи тоа да ви го каже малку прерано, но ако смета дека е на вистинскиот пат, зошто да чекате? Ова не значи дека треба да се сомневате во него. Опуштете се и уживајте, бидејќи Ракот е тип на човек кој не бега од врска.

Лав

Лавот е сериозен човек и не троши зборови туку така. Дури и кога станува збор за изјава на љубов, со која го предава највредното што го има – срцето, тоа ќе го направи со полна свест и со голема доза на сериозност и официјалност. Тоа е сосема доволно за да „примателот“ на ова љубовно признание и истиот треба да се чувствува исклучително почестен. Може да се заклучи дека е забрането да се сомневате во неговите зборови. И не помислувајте да барате дополнителни уверувања. Само треба да го прифатите и да му покажете вашата благодарност.

Девица

Девиците се работат со сигурност, и кога по многу размислување и тежина, ви велат „Те сакам“, можете да бидете целосно сигурни во нивните зборови. Тие нема да го изговорат тоа ниту лесно, ниту вешто. Овие зборови за нив имаат голема тежина. И никогаш нема да ги повлечат своите зборови, дури и по долго и тешко размислување, а ниту кога ќе ги надминете границите на нивното трпение, па ниту кога ќе сфатат дека вашата врска не е она што го очекувале и сакале.

За другите знаци повеќе на следната страница…

Најчитани вести