Кој хороскопски знак сака танга, а кој памучна долна облека?

Никој не е имун на еротска долна облека и за тие заводливи парчиња облека секогаш има место во гардароберот и за подарување и за купување никогаш не е потребен посебен повод. Во продолжение проследете каква еротска долна облека сакаат хороскопските знаци?

Овен

Овните сакаат долна облека во боја, посебно портокалови и црвени. Ако сакате да го заведете овнот, одлучете се за комбинација од портокалов и црн сатен или свила. Исто така сакаат и беби-дол стил. Овновите без проблем ќе паднат на црни подвезици, а доколку ги надополните со вртоглаво високи потпетици, тоа ќе биде полн погодок.

Бик

Биковите сакаат се што е или многу предизвикувачки или многу детско. Розевата и црната се нивни омилени комбинации. Жените родени во тој знак обожаваат кожени потпетици, мрежасти чорапи. Мажите припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсинг. Некои Бикови се склони и на врзување, лисици, околувратници.

Близнаци

Близнаците имаат една прилично перверзна страна во себе. Уживаат во секси униформи: медицински сестри, учителки, полицајки… Жените родени во овој знак сакаат и скапоцено кимоно или кожено трико.

Рак

Жените родени во знакот Рак сакаат долги, проѕирни ноќници, прекриени со монистра. Омилени бои за долна облека им се зелената и црвената, а го обожаваат и изгледот на сатенот. Раковите сакаат бела долна облека, а голем број жени родени во овој знак сакаат да се облекуваат како деца.

Лав

Лавиците сакаат долна облека во тигрест дезен. Тие се сензуални битија кои сакаат и малку крзно на својата кожа. Сакаат сатен и свила, панделки, но и модели кои што се пародија на модата од педесетите и шеесетите години на минатиот век.

Девица

Жените родени во знакот Девица се доста скромни и преферираат парктична долна облека. Ако се подготвува за секси акција, ќе избере корсети и ќе ги стегне колку што може повеќе во половината, а се чувствува секси и во чорапи со подвезици.

Вага

Со Вагите владее божицата Венера, па жените родени во овој знак секогаш ќе ја изберат онаа долна облека која ќе им изгледа најсекси. Розевата, жолтата и плавата се омилени бои на овој знак, но сакаат да носат и златна долна облека, платформи, мрежести чорапи, подвезици и проѕирна долна облека.

Скорпија

Скорпиите се доста секси и по природа сакаат кожа, винил и пластика. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се околувратници, опрема за врзување и синџири, но сакаат и тесни, високи чизми.

Стрелец

Жените стрелци ја обожаваат сензуалноста на корсетот и сексипилот што им го даваат долгите ракавици, чизми и долната облека со голем број копчиња. Многу сакаат кадифени ткаенини. Лилавата, црвената и зелената им се омилени бои.

Јарец

Јарецот е доста емотивен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Високо квалитетната ноќница е секси за овој знак, па дури и кога е закопчана до врат. Ќе ги возбуди и облеката со многу монистра. Голем број жени родени во овој знак сакаат да носат мрежести чорапи и танги, сатенски градници и долна облека во розева, сина или жолта боја.

Водолија

Овој визионерски знак сака изразено тесна долна облека од футуристички и сјајни материјали. Светло црвената и темно лилавата се нивните омилени бои, а пердувите, маските, свилените ленти и шалови се омилени додатоци. Навистина ги возбудуваат викторијански кожени чизми, женствени ракавици без прсти.

Риби

Рибите не се толку живи и диви на сексуален план, но многу сакаат памучни ноќници со розеви или сини ленти, како и ночници од ликра со цветни дезени. Обожаваат високи потпетици. На голем број риби ќе им се допаднат жени кои што носат машка долна облека или огромна машка маица за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но неможат да одолеат ниту на секси подвезици или хулахопки надополнети со кравата или панделка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.