Со кој хороскопски знак вашата врска би била невозможна мисија?

Бикот нема да може со Стрелецот затоа што е премногу активен и премногу амбициозен за него, на Близнаците на нерви ќе им оди филозофирањето на Јарецот, а Девицата со својата практичност ќе ја задуши нежната Риба.

Погледнете во продолжение детално, со кој хороскопски знак не би требало да помислите да влезете во врска.

Овен и Бик

Овенот има екстремно силна волја, а Бикот е тврдоглав. Ниту едниот, ниту другиот „нема да се поместат ниту милиметар“ во нивните барања. Еднаш кога Овенот ќе сфатаи дека нивната приказна е готова, ќе сака колку е можно понезабележително да излезе од врската, но Бикот постојано ќе го тормози со барања одново да му објасни зошто.

Бик и Стрелец

Постојат денови кога Бикот би сакал да се одмора дома, да се ислежува на софата и да ужива во добар филм. Но тоа нема да биде можно со стрелецот што нема да може да седи мирно дома. Стрелците едноставно се премногу активни за Биковите, постојано бараат интелектуален стимуланс што Бикот нема да може да им го даде затоа што едноставно сака да се одмори. Освен, тоа Стрелците не ги доживуваат нештата премногу сериозно што на Бикот просто ќе му оди на нерви.

Близнаци и Јарец

Ова е рецепт за катастрофа. Тоа ќе го добиете кога ќе споите знак што е полн со живот и кој што ужива во игрите, забавата и разговорите со знакот што е познат како екстремен работохоличар што сака да го испланира секој детал. Јарците едноставно не се спонтани, а тоа ќе им оди на нерви на Близнаците.

Ракови и Водолија

Раковите сакаат да бидат дома со семејството, без многу промени. Водолиите се пак со слободен дух и сакаат да владеат со светот. Ракот нема да биде задоволен ниту кога Водолијата ќе почне да го опоменува за грешките, затоа што Ракот, секако, ги нема.

Лав и Скорпија

Ако Лавот сака комплименти, тогаш тропа на погрешна врата. Скорпијата нема да му ги даде. Прво ќе се шегува со него, а Лавот тоа нема да го поднесува. За да бидат заедно, Лавот мора да се чувствува центо и важно. Освен тоа, Лавот знае дека е шарманте и привлечен што на Скорпијата нема во никој случај да и’ се допадне ако се земе во предвид нејзиниот љубоморен карактер.

Повеќе невозможни хороскопски комбинации на следната страница…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.