Кој игра, тој добива, во Кавадрци ќе се вози голф 7

Забавно и добитно целo лето, заедно со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Ова со сигурност го покажуваат и насмевките на лицата на среќните добитници, а нивниот број и понатаму расте.

Најновото надополнување на листата добитници се освежи со уште едно среќно семејство, овојпат од Кавадарци. Тие во септември ќе го возат прекрасниот автомобил ГОЛФ 7, премијата во Инстант лотаријата 7ма Брзина.

-Денес во срцето на Скопје, во градскиот парк во близина на спортската арена Филип 2, прекрасната Марјана ги додели клучевите на нашиот најнов среќен добитник. Станува збор за Бошко Бошев од Кавадарци. Овој прекрасен автомобил е негова прва голема добивка. Тој својот среќен лоз 7ма Брзина го купил од продажното место Сигма во Кавадарци. Купил 2 Инстант лоза, по едно за секое од неговите дечиња. Но и покрај тоа што лозовите биле наменети за неговите дечиња, се одлучил тој да ги изгребе. Стрелката на еден од двата Инстант лоза 7ма Брзина го посочила токму Голфот 7ка. Само за потсетување, во Инстант лотаријата 7ма Брзина, доделени се 5те премии – автомобил Голф 7, имаме и двајца добитници на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули минатата година, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен, информираат од Државната лотарија.

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.