Кој ќе биде следниот Бонд?

Кој ќе биде следниот Бонд? Роџер Мур типува на Хју Џекмен и Дамиан Луис дека тие се најдобри кандидати што ќе се појават во улогата на легендарниот агент 007, Џејмс Бонд по Даниел Крег.

Мур, кој се појави дури седум пати во улогата на Бонд во периодот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, смета дека Меги Смит би била совршена Бонд девојка.

Инаку Џекмен минатиот месец откри дека во 2002-та го побарале продуцентите на филмот за Бонд, но дека тој не ја прифатил улогата бидејќи „сметал дека не е вистинското време за тоа“. Како и да е, оттогаш многу нешта се промениле и тој како што рече „сериозно би размислил“ доколку повторно му се понуди таква шанса.

Хју Џекмен
Хју Џекмен

Актерот од серијата „Татковина“, Луис сосема ненадејно влезе во трката за улогата.

Дамиан Луис
Дамиан Луис

Меѓу другите актери што би можеле да ја преземат улогата се споменуваат и: Идрис Елба, Том Харди, Том Хиделстон и Хенри Кавил.

Сепак сеуште не се знае со сигурност дали Крег ќе направи уште едно продолжение по филмот што наскоро треба премиерно да се емитува во кино салите насловен „Спектар“.

Крег ги разгоре шпекулациите неодамна откако на шега в интервју рече дека попрво би исекол вени отколку уште еднаш да се појави во улога на Бонд. Повеќе за ова на следниот линк.