Кој ќе го добие тенедерот за автошколите, синот на Џеват Адеми или вујкото на Хазби Лика

Кој ќе го добие тендерот за автошколите, синот на Џеват Адеми или вујкото на Хазби Лика?, прашува во вторникот дневниот весник на албански јазик „Газета Експрес“.

Имено, според објавеното, двајцата високи функционери на ДУИ, Џеват Адеми и Хазби Лика, се во жестока борба за тоа кој од овие двајца ќе ја контролира фирмата за возачки дозволи. Пред неколку дена, се рашири веста и имаше различни реакции, дека жителите на Тетово и на Гостивар немаат можност да аплицираат на албански јазик за возачка дозвола.

Целата оваа игра и пречка за добивање возачки дозволи е причина за судир меѓу двајцата функционери на ДУИ, Џеват (неговиот син) и Хазби Лика (Билал Чека, вујкото), кој од нив ќе ја земе под контрола фирмата за возачки дозволи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.