Кој ќе го заврзе Џес Бејли?

Колумнава ја започнувам сo една позната поговорка, која вели:

„Заврзи го попот, да се смири селото“.

Таа е актуелна за секој кој се чувствува како шериф и каубоец, а живее и работи во туѓа земја. Половина година пред доаѓањето на Џес Бејли како амбасадор во Република Македонија, членовите на „Македонскиот манифест“ го прогласија за непожелна личност.

Причината беше неговата официјална агенда дека ќе работи против македонскиот идентитет и особено за менување на уставното име. Се сеќавате дека оваа фаца го навреди жестоко македонскиот народ уште за време на неговата номинација за амбасадор. Од друга страна, затоа што тој тогаш доаѓаше од американската амбасада во Турција, која беше дебело замешана во обидот за симнување на тогашниот премиер и сегашен претседател, Ердоган. Оваа диверзија за малку не успеа, а заменик амбасадорот Бејли беше префрлен во Македонија за да го одработи тоа во кое не успеа во Анкара.

Со неговото доаѓање во Скопје во февруари минатата година, почнаа „бомбите“ на Заев, кои беа подготвени во соработка меѓу американската и британската амбасада. Беше подготвен и Пучот, т.е. македонскиот „Мајдан“ за 18 мај, кого го спречија македонските специјалци во Куманово десет денови пред тоа. Тогаш веќе му „пукна филмот“ на Бејли.

Зошто?

Затоа што, акцијата во „Диво Насеље“ беше првата катастрофа за диверзантот амбасадор. Затоа што, американската амбасада беше замешана во подготовката на македонскиот „Мајдан“, а во разбиената терористичка групација/многу поголема од најавната во медиумите/ имаше убиени и американски и англиски советници од базата на Косово „Бондстил“. Притоа беа повеќе убиени, отколку соопштените, и потоа скриени четири лица. Како прв чекор за одмазда Бејли, Гарет и уште четворица амбасадори послушници на САД, побараа ултимативно разрешување на министерката на МВР, Јанкуловска и шефот на УБК, Мијалков. Потоа, како што сите знаеме беше стокмен Пржинскиот договор со активното учество на Бејли и др.

Успесите на Бејли во рушењето на македонската држава и нејзините институции дојдоа не само од неговата активност и учеството на платената однадвор македонска опозиција и од соросоидите, туку и од генерално погрешната тактика на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Таа тактика почна уште во почетокот на 2015 година. а зацврстена беше во јули и е поврзана со целосното попуштање на претензиите на САД и на опозицијата.

Зошто попуштање?

Од една страна, заради американските притисоци во резултатот на прислушкувани разговори за наводен криминал и наводни изборни нерегуларности. Таквата американска стратегија е позната децении наназад. Нејзините два адути со кои симнува влади по целиот свет се: наводен криминал и наводно нарушување на човековите права. Кога нема да успеат да симнат некоја влада плаќајќи ја тамошната опозиција, тоа го прават со „бомбашки напади“ (Ирак, Авганистан, Сирија). Иронијата е во тоа што челниците на криминалот и рушењето на човековите права – Американците, им држат предавања на таа тема на останатите држави во светот.

Со други зборови, владејачката ВМРО-ДПМНЕ им попушти на американските уцени, а од друга страна, со Пржинскиот договор со коалиционата влада и изнудените избори на 24 април сакаше да ја покаже неспособноста на СДСМ да управува. Вистина, за само неколку месеци се докажа дека СДСМ нема капацитет за власт – и заради апсолутната некомпетентност на Спасовски, Ременски и четворицата заменици министри, и заради нивното предавство во однос на македонските национални и државни интереси. Но, таа вистина се виде по цена на практичното уништување на македонската државност. Со својата погрешна тактика, зацврстена преку Пржинскиот договор, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри сите непријатели на Македонија – надворешни и внатрешни.

Многу луѓе во македонските државни институции се’ уште не се свесни за целта на САД.

А, ТИЕ ЦЕЛИ СЕ ЕДНОСТАВНИ: УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ДРЖАВА ВО КОРИСТ НА АЛБАНИЈА, БУГАРИЈА И ГРЦИЈА.

Затоа и тактиката на ВМРО-ДПМНЕ мора да…