Кој ќе го заврзе Џес Бејли?

Затоа и тактиката на ВМРО-ДПМНЕ мора да се сврти за 190 степени. Не беспринципиелни попуштања кои со месеци го револтираат македонскиот народ и го тераат да се сомнева во патриотизмот на лидерите на владејачката партија, туку жесток настап во сите правци. Уште на почетокот беше јасно дека со нелигитимно Јавно обвинителство, водената од САД опозиција, сака да спречи учеството на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ во идните избори. Видливите претензии на СДСМ и фантомската партија на Тито Петковски НСДП се да биде спречена од учество силата ВМРО- ДПМНЕ. И бидејќи е неостварлива таа цел, задачата минумум е да бидат отстранети Груевски, Мијалков, Јанкуловска и др.

Образложението е истото како и во другите држави – Венецуела, Бразил…, каде што САД дебело ја плаќа опозицијата – криминал. Затоа изборите за 24 април беа одложени – марионетското обвинителство не може да донесе опозиција на власт. Во споредба со Венецуела каде што опозицијата е власта и во Бразил каде претседателката Русеф може да биде симната, македонскиот народ знае дека криминалот е само „бајка“ за уништување на македонското име и држава. Моментно патот за тоа уништување поминува преку симнување на ВМРО-ДМПНЕ од власт или неговото деформирање, како и недавање можност на Груевски да се врати на премиерската функција.

Затоа опозицијата се замисли за „голема коалиција“ – предавничка , како во 2001 година. Затоа се и обидите да се симне рејтингот на владеачката партија, затоа се и честите посети на антидржавните јавни обвинителки во американската амбасада, затоа се и директните тајни ултиматуми на Бејли, придржувани со јавни покани за брзо решавање на прашањето за македонскот име.

Во овие денови Бејли и американската амбасада работат како за јавното дискредитирање на ВМРО-ДПМНЕ и неговите лидери, така и за уценувањето на еден или друг од нив, за спротивставувањето на едни во однос на други. Целта е пред, во време, и по изборите, таа партија да биде уште повеќе ослабена, за да потклекне пред американските амбиции. Бејли е чесен кога зборува дека „САД се фрустрирани што патот на Македонија за членство во НАТО не е побрз“. Тие се фрустрирани затоа што македонскиот народ има достоинство и се бори за своето име/идентитет и држава. Во минатото Американците доживеаа кубански и виетнамски синдром/фрустрација. Ќе доживеат и македонски синдром. Но, за таа цел е потребно:

  1. Владејачката партија да оди на избори хомогена и цврста и да не попушта пред американските уцени за едни или други „жртви“. Затоа што крајната цел е жртвата да биде Груевски како пред тоа отстранети поддржувачите на македонското име/идентитет.
  2. Да биде укинато паралелното Јавно обвинителство и Уставниот суд најпосле да се охрабри и да објави очигледна вистина дека е неуставно и нелигитимно.
  3. Али Ахмети е во право дека Пржинскиот договор е компромитиран. Тој беше компромитиран уште со неговото потпишување, а потоа заради пролонгирањето на изборите и продолжената објава на нелегалните снимки. Ахмети стави свој акцент во поимот „компромитиран“, но тоа дава можност и на ВМРО-ДПМНЕ да го суспендира.
  4. Претседателот на Собранието, Велјановски, да го распушти на 7 април како и истовремено да го распише датумот на изборите. Избирачкиот список не може да биде поважен од законите. Кој не сака да учествува во изборите на 5 јуни, тоа е негов проблем.
  5. Ако нешто навистина мора да биде прочистено, тоа е листата на кандидати – пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла, нека познатиот во Вашингтон како „господин погрешно мислење“, потпретседателот Бајден, да не го определува бројот на идните пратеници на владејачката партија. При тоа уште во јануари. Затоа што пак ќе погреши.

Со два збора: има доволно луѓе во администрацијата и во дипломатијата на САД за врзување. Има и кој да го направи тоа.