Кој колку ќе инвестира за економскиот бум на Илинден

По објавувањето на шесте локации за инвестирање во лесна и незагадувачка индустрија, општина Илинден распиша оглас за уште 7 локации. За новите локации до крајот на овој месец треба да биде завршено јавното наддавање по кое ќе се знае кои ќе бидат новите компании кои ќе инвестираат во оваа општина.

„Атлантиц треид“ и „МАН импортер“ се двете хрватски компании кои ќе инвестираат во општина Илинден, а додека пак, од домашните тоа се „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“, велат за НетПрес од општината.

„Атлантиц траде“ ќе гради дистрибутивно логистички центар во кој покрај магацинскиот е предвиден и деловен простор. Целата инвестиција во вредност од 2 милиони евра, а со неа ќе се обезбеди отворање на 100 нови работни места.

„МАН импортер“, пак, ќе гради продажно сервисен центар вреден 2 милиони евра во кој ќе бидат вработени 100 лица.

Домашната компанија „Тотал логистик“ на електронското јавно наддавање купи две градежни парцели од кои на едната ќе изгради фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата логистичко дистрибутивен центар. Вкупната инвестициоја изнесува 3 милиони евра, а ќе бидат отворени 150 работни места.

Логистичко дистрибутивен центар, како и простории за дирекцијата ќе гради и компанијата „Кам фуд“, за што ќе бидат вложени 2 милиони евра, со што ќе се креираат нови 150 работни места.

Фирмата „Мобико“ која се занимава со услуги во делот на информатичката технологија во својот нов објект во кој ќе бидат вработени 10 лица ќе вложи еден милион евра.

Од општината Илинден велат инвеститорите ги привлеклуваат со добрата инфраструктура како и со тоа што имаат слух за нивните потреби.

„Локлните економски зони во општина Илинден се на атрактивна локација која е поврзана одлично инфраструктурно со квалитетна електрична енергија, чист водовод и ниски комуналии. На идните инвеститори им даваме целосна поддршка и помош во целосната постапка. На тој начин ние работиме како за привлекување на нови инвестиции со кои се намалува невработенста во општината, така работиме и на нејзина урбанизација. Во Илинден има Форум за локален економски развој во кој членуваат стопнаствениците ос општината кои ни ги истакнуваат потребите кои ги имаат, но и ни даваат идеи кои во иднина можат да се реализираат“, велат од општина Илинден.

Оттаму додаваат и дека масовно работат на едукација на своето население, а тоа се покажува и преку отворањето на новото средно училиште за електро-технички струки.

На крај од општината велат дека во тек се постапки за 7 нови инвестиции во општината од кои 6 ќе бидат во Кадино, а додека пак, една е во стопанскиот комплекс Илинден. Кои ќе бидат следните 7 инвестиции ќе се дознае на крајот на овој месец.