Кој лиферува и плаќа лажни вести надвор од Македонија? (ВИДЕО)

Актуелниот српски претседател и поранешен премиер на Србија, Александар Вучиќ, целосно ги разоблични исказите на поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој ја обвини претходната власт во Македонија за „перење пари во Србија“.

Според Вучиќ, зборовите на Јеремиќ се целосни измислици.

И затоа некои глупости, кои ги слушам секој ден од поедини криминалци од оваа земја, од оној „Лимун“, до многу други кои говорат како Груевски пере пари преку незнам кого, срам да ве е да такви глупости измислувате и да така својата земја ја товарите, терет кој таа земја не го заслужува, рече Вучиќ.

На прашањето кој тоа го измислува, Вучиќ одговори:

„Па тој, како се вика Јеремиќ, тој ваш коалицонен партнер и останати лажговци“.

По изјавите на Јеремиќ, основното јавно обвинителство по допрен глас одлучи да отвори предистражна постапка за обвинувањата дека функционери од претходната власт переле пари во Србија. Според ОЈО, постоеле индиции дека високи функционери на поранешната владејачка гарнитура сториле кривично дело „перење пари и други приноси“, казниво според член 273 од Кривичниот законик.

Прашањето кое сега се поставува во јавноста, е дали Основното јавно обвинителство, исто така по допрен глас, сега од српскиот претседател Александар Вучиќ,  сега ќе покрене истрага за тоа кој лиферува и плаќа лажни вести надвор од Македонија?

https://www.youtube.com/watch?v=0N4sKyMl2lQ