Балкан

Кој му верува, а кој не му верува на Ердоган?

Кој му верува, а кој не му верува на Ердоган?

Премиерот Александар Вучиќ вели дека не сака да верува дека „секој кој ќе ги допре Бошњаците имаат 100 милиони Турци против себе“, пишуваат српските медиуми. Од друга страна, претседателот на РС Милорад  Додиќ верува дека премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган рекол баш така.

„Додиќ има право на своие мислење, а ние на свои заклучоци. Сакам да му верувам на амбасадорот на Турција Кемал Бозај кој ми рече дека таа изјава не е дадена, но немам право да ја негирам или отфрлам загриженоста на Додиќ“, рекол Вучиќ на заедничката прес конференција со шефот на диломатијата Ивица Дачиќ и Додиќ.

Вучиќ додал дека сите амбасади во регионот не дале ист одговор по прашањето за изјавата на Ердоган, и дека доколку верува дека таа изјава е така дадена реакцијата на Србија би била многу поостра.

Премиерот на Србија ја повикал Анкара да внимава за кревката стабилност на регионот.

„Турците намери за нас се опасни бидејќи нивната политика се покажува како навивачка и ги штити само интересите на Бошњаците. Верувам дека таа изјава е дадена на тој начин. Турција е моќна земја и може да манипулира со „е и не е дадено“, рекол Додиќ.

Тој истакнал дека очекува деманит од кабинеотот на Ердоган или барем од амбасадата на Турција во Сараево „која и порано ги извртувала фактите“.

Дачиќ рекол дека Србијаа не знае со сигурност дали Ердоган тоа го изјавил и додал дека сепак очекува реакција од меѓународните фактори.

Тој додал дека таквата изјава е апсолутно спротивна на изјавите на турсите официјални претставници кои тврдат дека сакаат да бидат конструктивен чинител на Балкант и во добри односи со Србија, што неодамна го потврдил и турскиот министер за надворени работи Ахмет Давитоглу.