среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 25

Кој се обидува да избега од 11-ти декември ?

Политичките аналитичари велат по сите случувања околу одлагањето на изборите во текот на пролетта е сосема јасно кој се обидува да го избегне соочувањето на граѓаните на избори.

izbori1

Поврзани вести

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев вели владејачката ВМРО ДПМНЕ овојпат се обидува да ги избегне изборите договорени за 11-ти декември, а притоа за тоа да изгледа виновна опозицијата.

Заев вели владејачката партија во неколку наврати се обидела да испровоцира реакција од опозицијата за потоа да се одложат изборите, но сепак тоа не се случило. Не им даваме изговор за одлагање на изборите, тврди Заев.

„Законите за СЈО, дебатата за извештајот на СЈО, буџетот, изборните единици тие очекуваа од нас конфронтација ние им рековме ајде една изборна единица не се согласуваат со тоа и оставивме за тоа да се zaevдоговорат владините партнери. Не им даваме никаква причина за изговор за одлагање на изборите иако треба да бидеме на штрек, мораме да бидеме на штрек. Никола Груевски прави се’ за да ги одложи изборите да бидат заедно со локалните“, рече лидерот на СДСМ синоќа во телевизиско интервју.

Овие обвинувања на опозицискиот лидер доаѓаа по одлагање на два претходно договорени датум за предвремени избори. Со Пржинскиот договор како датум за избори беше договорен 24-ти април, но поради тврдењето на опозицијата дека нема услови за избори и оценка од меѓународната заедница дека не се исполнети сите критериуми за демократски и веродостојни избори, датумот за гласање беше поместен на 5-ти јуни. По првичниот став дека од февруари до јуни има доволно време да се создадат услови, сепак Заев на 6-ти април најави дека СДСМ нема да учествува доколку изборите се одржат на 5-ти јуни. Опозицијата тогаш тврдеше дека Избирачкиот список не е прочистен и нема реформа на медиумите и дека без тоа не може да има фер избори.

И овој датум се одложи, но овојпат на одредено. Датумот 11-ти декември беше договорен на лидерска средба на крајот на август откако беа исполнети бараните услови од СДСМ – прочистен избирачки  список и беше формирано ад хок тело за мониторинг на медиумите во предизборниот период.

Политичките аналитичари велат по сите случувања околу одлагањето на изборите во текот на пролетта е сосема јасно кој се обидува да го избегне соочувањето на граѓаните на избори. Аналитичарот Александар Пандов вели Заев е притиснат до ѕид и само нему му е јасно што сака да каже тврдејќи дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да издејствува одлагање на изборите.

„Заев повторно игра на картата дека македонските граѓани не се сеќаваат кој што зборувал и кој на двапати aleksandar-pandov-640x366изнудуваше одлагање на датумот за избори . И меѓународната заедница која го набљудува целиот процес и вклучена во решавањето на политичката криза јасно дава сигнали дека избори мора да има. Дури и најавената посета на еврокомесарот Хан можеме да ја гледаме во таа насока како еден вид инспекција дека се останува на договорениот датум. Не сметам дека ВМРО ДПМНЕ има намера да избега од избори, а се надевам дека и СДСМ нема таква намера“, вели Пандов.

Од ВМРО ДПМНЕ реагирајќи на обвинувањата од Заев и СДСМ велат како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така се поголеми стравот и паниката во СДСМ.

Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Целата јавност беше сведок и дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија.  Се прочисти списокот и тој е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад-хок тело. Бегање од избори за СДСМ веќе нема. Не минуваат апсурдните изговори, писмата до амбасади и неразумните предлози“, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека СДСМ и Заев ќе мора да се соочат со казната од граѓаните за сета деструкција и за блокирање на сите процеси и проекти кои го подобруваа животот на секој човек во Македонија.

Најчитани вести