Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Грчките земјоделци (фармери) веќе неколку недели протестираат поради реформите на пензискиот систем во земјата. Протестите првично почнаа со блокади на главните патишта во земјата и на граничните премини, преминаа во главниот град, а потоа се вратија повторно на патиштата. Веќе неколку недели грчките земјоделци поставуваат блокади на граничните премини кон Македонија и Бугарија, а ако се земе во предвид дека е отежнат транспортот на стоки и добра, сосема логично е да се постави прашањето: Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Во текот на изминатите денови кон Македонија имаше блокади на граничните премини Богородица, Меџитлија и Стар Дојран, од грчка страна, а од Бугарска страна беа блокирани речиси сите гранични премини кон двете земји.

Бугарските превозници организираат контрапротест на грчките земјоделци

Бугарските превозници организираат контрапротест на грчките земјоделци. Како што пренесуваат тамошните медиуми, утре во 9 часот превозниците ќе ги затворат граничните пунктови Илинден и Маказа за сите видови превозни средства.

Исто така блокади ќе има и на премините Кула и Капетан Петко Војвода во Бугарија, а од тамошното здружение на Меѓународни превозници најавуваат дека протестите ќе продолжат се додека граничните премини не бидат во целост ослободени за сообраќај од страна на грчките земјоделци.

Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?
Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Во одговор на грчките дејствија, бугарските превозници организираат контрапротест на сите гранични премини меѓу двете страни вели Јордан Арабаџиев од Сојузот на меѓународните превозници:

Од утре изутрина, во 9 часот, бугарските превозници ќе протестираат против грчките блокади на граничните пунктови Маказа и Илинден, а во петок од 9 часот и на Златоград. Ќе протестираат се додека не се изнајде трајно и генерално решение за грчките блокади. Бугарскиот превозен сектор не може да ги трпи повеќе игрите на грчките земјоделци, да се прашува дали да товари за Грција, затоа што како што видовте, во последните 3 недели почнавме да играме на тоа дали ќе ги пуштат или не товарните возила, вели тој.

Арабаџиев…