Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Арабаџиев појаснува дека до овој момент загубите за превозните компании се во милиони евра. Како што вели општите загуби на транспортните компании се над 10 милиони евра.

Превозниците планираат етапно затворање на границата со Грција за да може бугарските граѓани што во моментов се во таа земја да излезат од земјата без поголеми проблеми.

Кај нас допрва ќе се утврдуваат загубите

Колкави загуби ќе претрпат македонските превозници допрва ќе се утврдува. Од МАКАМ Транс во изјава за Нетпрес велат дека засега нема најави за било какви контра протести од страна на македонските превозници.

Оттаму велат дека тоа најверојатно се должи на фактот што граничните премини не се целосно затворени, освен граничниот премин Ники, односно Меџитлија кој подолг период во денот е затворен.

Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?
Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Оние превозници што вообичаено транзитираат низ Грција, на својот пат кон Турција сега ги избираат патиштата низ Бугарија.

Од она што го добиваме како информација од нашите членки засега нема поголеми проблеми, освен што има отежнување на работата и отежнување на планирањето на работата, велат од МАКАМ транс за Нетпрес.

Оттаму посочуваат дека загубите за македонските превозници допрва ќе се утврдуваат, но претпоставуваат дека загубите ќе бидат големи.

Грчкиот извоз со катастрофални загуби поради блокадите

Моменталните…