Кој во регионот ќе загуби најмногу од блокадите на грчките фармери?

Моменталните блокади на земјоделците на националните автопати и граничните премини во Грција би можеле да ги чинат извозниците и по 30 милиони евра дневно, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на изјави од експертската јавност, кои предупредуваат дека ако се остварат заканите за затварање на пристаништата и железничкиот сообраќај, овој број ќе се искачи на 65 милиони евра дневно.

Грчкиот извоз со катастрофални загуби поради блокадите
Грчкиот извоз со катастрофални загуби поради блокадите

Според податоците од Панхеленската Асоцијација на Извозници, 43 отсто од грчкиот извоз се праќа по патиштата, што врз основа на податоците од 2015-тата година изнесува околу 30, 8 милиони евра дневно. Во целост поморскиот извоз во текот на минатата година чинел по 37, 2 милиони евра дневно.

Грчките извозници се загрижени поради моменталните блокади, поради што нивните превозници се приморани да се упатуваат по подолгите алтернативни патишта или да поминуваат и по неколку часа во чекање додека земјоделците да ги тргнат блокадите на патарините или на царинските терминали. Исто така се очекува дека ќе има штети и поради задоцнувањето на испораките.

Како што јавува „Катимерини“, бокадите во моментов немаат влијание врз тамошниот пазар, иако професионалците предупредуваат дека неможе да се гарантира дека ова ќе продолжи вака, доколку протестите продолжат и натаму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.