Кој знак е мајстор за флерт: Хороскопот и привлечноста

Овен

Овните се прилично привлечни за женскиот свет. Сакаат да контролираат, исклучително се добри во бакнување, но нетрпеливи и често себини во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во односот. Нивните моменти на страст често се минливи, но ако се заљубат, очекувајте едно од најубавите животни доживувања.

Бик

За овој знак велат дека е најдобар љубовник и најмажествен знак во Зодијакот. Има екстремно силен љубовен нагон и постојана потреба за физички допир, а нивниот апетит се чини ненаситен. За него љубовта е како храна. Сметаат дека во неа треба да се ужива долго, често и предано.

Близнаци

Ако ја цените интелигенцијата, Близнаците се идеални за вас. Паметни и досетливи, тие се мајстори за флерт и женскиот род лесно паѓа на нив. Како љубовници се исклучително креативни и со нив нема никогаш да ви биде досадно. Но, водете сметка дека слични карактеристики очекуваат од својата партнерка.

Рак

Како најемотивен и најчуствителен знак во Зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Тие ја ценат грижата и ќе забележат ако другите прават добри дела. Тие се многу предани и страсни љубовници, но ако ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока одмазда.

Лав

Секогаш огнени, Лавовите горат од сексуална самодоверба и моќ. Во кревет преземаат иницијатива и ги истражуваат љубовничките вештини на речиси драматичен начин. Ако се најдете со Лав во ваква вртоглава страст, очекувајте многу подароци и внимание.

Девица

Ако сакате на некој да му бидете центар на ветот, одвојте ја Девицата. Иако изгледаат мирни и сталожени, дури и ладни, длабоко во нив се крие огромна сензуалност. Склони се на опсесија и перфекционизам, што може да биде тешка комбинација за врска. Но, ако ги освоите ќе ве сакаат цел живот.

Вага

Желна да пружи задоволство, Вагата е одличен и предан љубовник. Сака сентименталност и романтичност, а ќе и биде драго да и исполните по некоја фантазија. Флертувањето на Вагите им е во крвта, како и експериментирањето во кревет.

Шкорпија

Најсексипилен од сите знаци во Зодијакот. На Шкорпиите не им е непозната особината да ги искористуваат другите за да ги задоволат своите ексуални апетити. Имаат магнетска привлечност, одлични се во кревет иако имаат проблем со емоциите во целата приказна.

Стрелец

Стрелецот секогаш останува млад во срцето и отворен за експерименти во кревет. Често се страствени кон една личност, но брзо добиваат потреба за нови авантури. За кратка и забавна авантура Стрелците се вистинскиот избор, а оние кои сакаат врска можат да ги сметаат за помалку нестабен хороскопски знак.

Јарец

Јарецот е резервиран кон другите, па мора силно да се заљуби за да ја постигне вистинската физичка интимност. Не се склони кон експериментирање, но се стабилни и верни во врска, па се одличен избор за оние кои сакаат вистинска врска.

Водолија

Ќе ве сакаат поради вашето тело и нема да се заморуваат со однос пред да ве повикаат во кревет. Тие се љубители на физичката љубов и непредвидливите романси. Имаат бунтовничка природа и ќе бидете за нив пожелни доколку сте свои и оригинални.

Риби

Овој знак ќе ви пружи големо задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, за нив нема проблем кој не може да биде решен со секс за помирување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.