Која боја е идеална за вашата коса?

Фризурата и бојата на косата треба да се прилагодат на обликот на лицето. На правоаголното лице повеќе му одговараат темни нијанси на кафена и црвена, а за заобленото лице најдобри се средните нијанси на руса, црвена, кафеава или костенлива.

Дамите што долго ја бојадисуваат косата често и не паметат каква им е природната боја на косата… Експертите велат дека на секој облик на лице, покрај фризурата, одговараат и одредени нијанси.

Лицето во облик на срце е најизразено со светла костенлива и светло црвена нијанса.

Округлиот облик на лицето „бара“ шишки и прамени, конкретно посветли тонови на шишките и во горниот дел од косата, а неколку нијанси потемни назад.

Правоаголното лице делува широко, па затоа стлистите предлагаат темни нијанси на костенлива и црвена, како и црна боја.

Најдобар избор за заобленото лице се средни нијанси на руса, црвена, кафеава или костенлива, а визуелно го издолжуваат потемни нијанси и прамени, особено ако го врамуваат лицето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.