Магазин

Која е Амал Аламудин и зошто избрала „обичен“ глумец?

Која е Амал Аламудин и зошто избрала „обичен“ глумец?

Eден деловен сајт кој е посветен на жените, веста за венчавката на Џорџ Клуни ја објавиле од сосема друга перспектива. Имено, тие напишале дека познатата адвокатка, Амал Аламудин, стручњак за меѓународно право на бегалци, направила необичен избор и се омажила за … обичен актер.

Додека сите светски медиуми венчавката на познатиот актер Џорџ Клуни и Амал Аламудин, ја опишале славејќи го актерот во прв план, блогот „Business Woman”  целата работа ја свртел „наопаку“ со насловот „Меѓународно позната адвокатка се омажи за еден глумец“.

Триесетишест годишната Амал е образована и успешна жена со кариера на кои многумина и се восхитуваат. Адвокатката со висок профил е почитувана пред се’ поради професионалноста, но и поради клиентите како Жулиен Асанж. Амал исто така се нашла во групата на адвокати на хашкото судење на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ.

Амал која зборува англиски, француски и арапски јазик, завршила на Универзитетот Оксфорд и добила бројни награди. По Оксфорд, завршила и Правен факултет во Њујорк.

Посветеноста на својата кариера ја покажала кога одлучила да стане дел од експертската комисија за Превенција од сексуалното насилство во воените зони.

Холивудската актерка Џулија Робертс ја нарекла „преубава и препаметна“, а колегата марк Стивенс, кој ја најмил да го застапува Асанж, кажал дека таа е една „неверојатна и независна жена која има Ролс-Ројс и социјални вештини на кои многумина би и’ завиделе“.

Иако, за нејзините поранешни врски многу малку се знае, уредништвото на овој сајт и замерува за врската со холивудскиот актер и се надеваат дека тој нема да ја кочи оваа брилијантна жена во нејзината понатамошна кариера и живот.