Македонија

Која е Катица Јанева, новиот Специјален обвинител?

Која е Катица Јанева, новиот Специјален обвинител?
Која е Катица Јанева, новиот Специјален обвинител?

Катица Јанева, која со договорот на четирите политички партии, ќе биде специјалниот обвинител задолжен за истражување на случаите „Пуч” и „Прислушување“, во моментов е јавен обвинител во Гевгелија.

Потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Учествувала на тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари. За заменик обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатат година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство. Јанева е ќерка на гевгелискиот судија Делеџаков, обави ТВ„Телма“.ka

Кај своите колеги  се смета за професионален и искусен обвинител.

Во деталниот преглед на нејзиниот имотен лист е наведено дека поседува моторно возило Рено 5 Кампус, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска Банка.

На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во село Конско во вредност од 1000 евра, земјоделско земјиште од 1.930 м2 во вредност од 20 000 евра и моторно возило „Ровер 45“ во вредност од 20.000 евра.

Од медиумски експонираните предмети Јанева работела на случајот на Спаска Митрова Савиќ за право на старателство на својата ќерка во која беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата ,,Радко“, па случајот доби и политички димензии. Во тој случај таа  била обвинтел со колешката Василка Садикова Ковачева