Магазин

Која е најголемата маана на вашиот хороскопски знак?

Која е најголемата маана на вашиот хороскопски знак?

Овен

Вие секогаш мора да сте во право. Импулсивни, брзи на зборови и експлозивни, на моменти дури и арогантни. Склони сте кон расправии и лесно се нервирате. Многу лесно се навредувате, заради што знаете да размислувате за одмазда. Во љубовта сте доста непредвидливи, љубоморни и посесивни. Заради желбата за доминација знаете да бидете неподносливи.


Бик

Своеглави сте, па си терате по свое дури и кога не сте во право. Иако ви треба многу да се налутите, кога емоциите ќе испливаат настанува ерупција. Понекогаш сте мрзеливи. Материјалистички сте ориентирани и парите ви се многу важни во животот. Знаете да бидете љубоморни и посесивни, иако тоа ретко го признавате, а знаете да бидете и неверни.


Близнаци

Вашата зборливост и љубопитност понекогаш знаат да нервираат. Расположението ви е непредвидливо, па знаете да ја излудите околината. Ветувате многу, но не исполнувате. Најчесто сте зафатени со големи планови, па започнувате многу работи истовремено без да ги довршите. Во љубовта сте рационални и резервирани за да се заштитите од евентуални разочарувања.


Рак

Мрзеливи сте и склони кон самосожалување. Брзо се навредувате. Ако некој се обиде да ви го допре вашето его, знаете да се одмаздите. Понекогаш сте толку затворени, пресметливи и егоцентрични што им одите на нерви дури и на најблиските. Го бирате најлесниот пат до успехот и склони сте кон претерување со алкохолот.


Лав

Театрални сте, па често драматизирате само за да привлечете внимание. Суетни сте, вообразени и сакате да доминирате, во што често претерувате. Понекогаш сте детинески, а глумата е ваша маска која ве штити од исмејување од околината. Иако сте амбициозни, ужасно сте бавни. Сакате да им помагате на другите, но само за да им докажете дека тешко ќе преживеат без вас.


Девица

Многу зборувате и раскажувате. Сакате да бидете известени за сè што се случува. Тешко поднесувате критики, додека кон другите сте многу критички настроени. Често ги потискате емоциите. Склони сте кон напади на бес и нервоза. Знаете да бидете и претерано педантни, до тој степен што одите на нерви.

Вага

Иако делувате како да знаете што сакате, неодлучноста ве забавува. Што повеќе избори имате, тоа повеќе се двоумите. Често го менувате расположението, па реакциите ви се непредвидливи. Брзо се лутите и навредувате. Суетни сте и надмени. Од голема важност ви е социјалниот статус. Во љубовта знаете да бидете посесивни, па ретко кој може да се потпре на вас.


Скорпија

Вашата таинственост понекогаш делува осамено. Ретко покажувате што чувствувате. Сакате да се наметнувате затоа што секогаш сте во право, или барем така мислите. Кога некој ќе ве испровоцира знаете да бидете непријатни и саркастични. Суетни сте, арогантни, склони кон емотивни изливи, а често пати и се одмаздувате.


Стрелец

Вашето расположение е претерано променливо. Знаете да бидете детинести, непрактични, нетрпеливи и наметливи, а соговорниците може да ги удавите со деталите кои ги споделувате. Исто така сте нетактични, тврдоглави и склони кон расправии. Во работата сте неефикасни и сакате да ги одложувате работите, додека во љубовта сте површни, неверни. Често пати кажувате едно, а правите друго.


Јарец

Работата и кариерата ви се на прво место. Статусот ви е важен и опседнати сте со тоа да доминирате. Конзервативни сте и тврдоглави. Сакате да се расправате и сте големо злопамтило. Иамате проблем со искажување на емоциите. Премногу анализирате и се враќате во минатото.


Водолија

Егоцентрични сте, бунтовни и сè знаете најдобро. Секогаш сте подготвени за кавга, немате доволно трпение и знаете да бидете саркастични. Во љубовта сте љубоморни, иако добро се криете. Премногу сте љубопитни за да останете верни.


Риби

Вашата суета е пренагласена и сте фокусирани само на своите проблеми. Несигурни сте, неодлучни и нетрпеливи, па како најголема маана ви се издвојува недостатокот на толеранција. Сметате дека никој не ве разбира и не е доволно добар. Често водите инает.