Која е најголемата причина за кавги меѓу партнерите?

Која е најголемата причина за кавги меѓу партнерите?
Која е најголемата причина за кавги меѓу партнерите?
Одлуката со која повеќето партнери започнуваат сериозна фаза во врската е делењето на заеднички простор. Па, додека љубовното гнездо на многумина им звучи романтично, возбудливо и предизвикувачки, реалноста е сепак поразлична.

Заедничкиот живот на двајца партнери покрај убавите моменти, со себе носи и проблеми кои нејчесто се врзани со ситници и тоа, буквално. Имено, причината за бурни кавги, и тоа во просек на секои 11 дена е – неред во куќата. 

Tрупање на непотребни ситници како спортска опрема, расипани апарати и непотребен алат, жените ги вади од такт. Од друга страна пак, мажите не поднесуваат купишта сентиментални ситници кои нивните партнерки ги чуваат уште од средно училиште и различни видови на покуќнина кои не служат ниту како украс.

Еден од осум парови признал дека несаканите работи од партнерот намерно потајно ги уништува, а во првата година од заедничкиот живот и двајцата партнери фрлаат количина на предмети чија вредност надминува 400 евра.


Овие податоци се резултат на едно британско истражување спроведено над повеќе од 2.000 парови кои делат заеднички простор, а кавгите околу недостатокот на простор некогаш резултираат и со прекинување на врската. Психолозите советуваат дека компромисот е клуч на секоја успешна врска, но и првобитната подготвеност на партнерите да ги сменат навиките кои ги имале додека биле сами.