Која е најопасната секс поза?

Можеби уживате во позата кога партнерката е над вас, но треба да знаете дека тоа е најопасна поза, затоа што најчесто може да дојде до повреда на пенисот.

Студијата која ги анализира повредите на пенисот направена во една американска болница во периодот од 2000. до 2013. Година, се покажа дека дури 50 отсто од повредите за време на сексот се случиле во оваа поза. Затоа бидете внимателни! Следна во низата опасни пози е „кучешката“ (или доги). Околу 30 отсто од повредите на пенисот се случиле токму во оваа поза.

Истражувачите велат дека „кога жената е одозгора, таа го контролира движењето на телото со целата своја тежина, поради што доаѓа до повреда на пенисот“ и додаваат дека најчесто жените не трпат повреди во оваа поза, но дека таа е мошне опасна за мажите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.