Која е причината за смртта на рускиот амбасадор во ОН?

Њујоршки експерти за судска медицина извршија аутопсија врз телото на починатиот руски амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, но нагласуваат дека се потребни дополнителни анализи за да се утврди точната причина за смртта.

Портпаролка на канцеларијата за судска медицина изјави дека случајот со смртта на Чуркин е проследен до нив од страна на болницата.

Чуркин почина во својот кабинет само еден ден пред неговиот 65-ти роденден.

Според експертите за судска медицина, ќе биде потребно дополнително испитување кое обично вклучува токсиколошки и други анализи што може да потрае повеќе недели.

Канцеларијата за судска медицина е надлежна да испита смртни случаи кои се случиле ненадејно или кога лицето изгледа здраво, како и случаи кои се последица на насилства, несреќа или самоубиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.