Која е разликата меѓу водењето љубов и сексот?

Овие 4 работи откриваат дека тој за вас чувствува многу повеќе од физичка привлечност!

  1. Опуштеност

Можеби тој не е совршен во секој миг, но неговото несовршенство го прави совршен партнер за долги патеки. Мажот што вистински ве сака и што неможе да си го замисли животот без вас, секогаш во ваше присуство, но и во сексот ќе биде опуштен и спонтан. Баш затоа што тоа што го поминува времето со вас му се чини како најприродната работа во светот.

  1. Долготрајни, сензуални бакнежи

Мажите најчесто не се премногу заинтересирани за бакнежи, освен ако се вљубени, затоа што според нив ова е исклучително интимен чин. Ако тој ве бакнува нежно и страсно по целото тело и лицето и ако тоа го прави често, на тој начин ви покажува колку многу му се допаѓате и дека е потполно луд по вас.

Мажите најчесто не се премногу заинтересирани за бакнежи, освен ако се вљубени
Мажите најчесто не се премногу заинтересирани за бакнежи, освен ако се вљубени
  1. Наслушување на вашите желби

Мажот што искрено ве сака ќе се потруди да ве задоволи најдобро што може. Тој внимателно ќе наслушнува што точно вам ви одговара, што ви е важно во сексот и додека водите љубов ќе се обиде да развие многу поголема интимност од онаа што ја пружа самиот сексуален однос. Тој подеднакво ќе ужива во миговите што му претходат на сексот, но и во оние по него.

  1. Посветеност кон односот

Сексот, секако е мошне важен дел од секоја врска, но мажот што искрено ве сака ќе се позанимава со целиот ритуал околу сексот. Тој ќе биде истраен во предиграта, галењето и ќе се потруди пред самиот чин вие да бидете подеднакво возбудени. Ставањето на вашето задоволство на прво место е најдобар показател за неговата љубов. Како во сексот, така и во остатокот од врската.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.