Која е тајната опсесија на секој хороскопски знак?

Сакале да признаеме или не, секој од нас има минимум една чудна мисла или тема со која е опседнат. Ѕвездите и планетите тврдат дека токму нивната поставеност е виновна за ваквото мрачно однесување.

Пронајдете го својот хороскопски знак и дознајте со какви мрачни мисли се опседнувате:

Овен

Овенот е потајно опседнат со смртта. Доколку се прашувате зошто е тоа така, постои едноставен одговор. Овенот е еден од четирите знаци кои се поврзуваат со ново раѓање, но истовремено е и еден од трите знаци кои симболизираат крај на нешто, односно смрт.

Кај Овенот смртта се симболизира со силен оган.

Па Овни, сосема нормално е доколку се опседнувате со мисли поврзани со смртта. Не можете да одите против планетите, нели?

Бик

Бикот е одличен инкогнито детектив. Впрочем, малку ја ублаживме оваа изјава, затоа што тој умее да биде одличен следител кога сака да открие повеќе детали околу некоја работа.

Биковите навистина тешко се откажуваат од одредени ситуации или луѓе што резултира во нивно манијакално следење.

Ова особено се однесува на нивните поранешни љубови. Освен физичко следење, Биковите се прилично опседнати и со тајно следење на луѓе по социјалните мрежи.

Близнаци

Близнаците сакаат да ја извртуваат вистината и да раскажуваат нивни верзии од настаните. Самите не го сметаат тоа за лажење, но вистината е дека неретко подлажнуваат.

Секогаш кога треба да извојуваат некоја победа или да добијат нешто во своја корист, Близнаците ќе излажат, односно ќе ја свртат приказната онака како што ним им одговара. Ретко и самите може да ја препознаат границата помеѓу вистина и лага, односно правилно и погрешно.

Рак

Овој знак е прилично опсесивен кога е во љубовна врска. Може да биде 24/7 со партнерот, особено доколку врската е сè уште свежа. Имаат тенденција да ги задушуваат партнерите о љубов, внимание и пофалби.

Можеби звучи убаво, но многу луѓе мразат некој да ги гуши во врската. Раковите истовремено често го повторуваат своето однесување, иако се во различни љубовни врски. Имаат навистина голем проблем да се ослободат од минатото, па си го влечат како тежок багаж во секоја наредна врска – причина поради која многу пати страдаат.

Лав

Не доаѓа како преголемо изненадување ако кажеме дека Лавот мисли дека е центар на светот, нели? Токму така, Лавовите постојано се во потрага по одобрување од страна на сите околу нив. Сакаат да бидат предмет на восхит и завист.

Колку и да се добри кон другите луѓе, Лавовите секогаш ќе се стават себеси на прво место. Понекогаш се толку очајни за внимание што ќе направат практично сè за да го добијат.

Девица

Верувале или не, Девиците имаат прилично валкани сексуални фантазии на ум. Генерално тие се вредни, многу љубезни, аналитички настроени и практични. Нивната срамежлива природа се проектира кога се опкружени со луѓе, но во спалната соба проработуваат дивите сексуални фантазии и валканите мисли.

Секако, ова однесување е резервирано само за под чаршафите, бидејќи на улица и во јавност Девиците сакаат да се перфектни дами и џентлмени.

Вага

Вагите се опседнати со тоа што ги мотивира другите луѓе и која е нивната слаба точка. Опседнати се со тоа да откријат што ги тера луѓето да ги прават работите кои ги прават, па поминуваат долги ноќи истражувајќи ги овие теми будно ококорени.

Вагите најчесто не можат да сфатат зошто другите луѓе не ги интересира како тој човек станал сериски убиец, па најчесто ваквите интереси си ги чуваат скриени длабоко во себе.

Скорпија

Скорпијата е најмрачниот знак во Зодијакот. Што точно поминува низ нејзината глава? Најчесто насилни мисли и планови од типот – колку е лесно да се истепа или задави некого кој им оди на нерви.

Или како може да се ослободат од телото кога би се довеле во таква ситуација. Кога здогледуваат некое дете кое игра само во паркот, неминовно им се наметнува мислата колку лесно може да се киднапира тоа дете или пак да се ограби одредена продавница.

Среќа што сè ова се случува само во нивните глави.

Стрелец

Дури и кога се сосема сами, Стрелците одбиваат да размислуваат за своите чувства, за одговорност и конфликтите со други луѓе, а понекогаш не може да ги препознаат ниту чувствата на останатите околу нив.

Стрелецот има потајна желба да се изолира и да избега од сè и сите, макар и само во мислите. Апсолутно одбиваат да се соочат со проблемите. Наместо тоа со мислите се селат во друг имагинарен свет, каде што никој не може да ги допре или повреди.

Јарец

Познати по прецизното планирање и незапирливиот жед за успех, Јарците не дозволуваат никој да им застане на патот. Впрочем, секој кој ќе им се испречи на патот кон успехот, Јарците фантазираат да го елиминираат.

Понекогаш замислуваат како противникот исчезнал, друг пат како ненадејно починал. Најчесто немаат никаква грижа на совест поради овие мисли, бидејќи нормално, не преземаат ништо конкретно за да ги остварат црните сценарија.

Водолија

Водолиите потајно вежбаат што ќе кажат на вашиот погреб. Тие се опседнати со тоа како ќе се претстават пред јавноста на ваков сериозен настан и често го испробуваат својот проштален говор пред огледало.

Сметаат дека е особено важно да се помогне во ваков период на сериозна жалост, а да се даде достоен говор за починатиот во знак на последен поздрав е прилично достоинствен чин според Водолијата.

Риби

Потајно имаат желба да спасуваат други луѓе или светот. Себеси се гледаат како супер-херои кои имаат задача да ја сопрат болката и страдањето. Имаат скриена желба да им помагаат на болни луѓе, ставајќи се во улога на семоќни доктори.

Најтрагичното е што никогаш прво не си помагаат на себе, туку ги ставаат другите околу нив на прво место. Пред да го спасите светот, ставете ја маската со кислород на себе скриени супер херои.