Која земја е рај за консументите на пиво?

Каде патуваат консументите на пиво? Онаму каде пивото е или најдобро или најевтино. За таа цел сајтот GoEuro направи истражување каде можете да го пиете најскапото, а каде најевтиното пиво.

Според истражувањето кое го направи сајтот, за пиво од 0,3 литри во престолнината на Норвешка треба да издвоите во просек околу 3,55 евра, во Цирих 3,04, а во Токио 3,03 евра. Воедно овие три града се оние во кои пивото е најскапо.
Во Лондон една кригла ќе ве чини околу 2,13 евра, во Сингапур 1,92, Хонг Конг 1,84, а во Рио де Жанеиро 1,72 евра.

На листата на најевтини градови за пиво, победник е Варшава, каде овој пијалок во просек чини 0,64 евра.

Со оглед на тоа дека Германија и Чешка се познати во светот по пивото, не треба да не чуди тоа што Берлин и Прага ги зафатија второто и третото место на најевтини градови за пиво и тоа Берлин со 0,66 евра, а Прага со 0,75 евра. Овој пијалок е евтин и во Лисабон и Даблин каде чини само 0,78 евра, Мексико Сити 0,75, Богота 0,82, Будимпешта 0,83, Мадрид 0,85 и Амстердам 0,86 евра.

„Пивото е популарно насекаде во светот е и во нераскинлива врска во летото. Затоа за патниците е важно да знаат во кој град колку тоа чини“, вели основачот на сајтот GoEuro, Нарен Шам.