Кока Кола ќе произведува алкохолен пијалок

„Кока-кола“ отвора ново поглавје и почнува да го произведува својот прв алкохолен пијалок, за прв пат во своите 130 години постоење, пишува „Business Insider“.
Компанијата во моментов експериментира со производство на популарен јапонски тип на алкохол, т.н. Чу-Хија, ароматизирана газирана вода, измешана со локалниот алкохолен пијалок наречен shochu.

– Се уште не сме експериментирале во категоријата на пијалоци со ниска содржина на алкохол, но ова е пример за тоа како ние продолжуваме да ги истражувааме можностите надвор од нашата основна област на производството – рече Хорхе Гардуњо, претседател на „Кока-Кола“ во Јапонија.

Чу Хија  обично содржи помеѓу 3 и 8 отсто алкохол и се смета за алтернатива на пивото и е особено популарен кај жените.

Сè уште не е објавено кога новиот производ ќе се појави на пазарот, а истиот ќе биде наменет исклучиво за јапонскиот пазар, па е малку веројатно да се прошири на глобално ниво, поради уникатните и специфични карактеристики на јапонскиот пазар.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.