Шверцувала течен кокаин во градите

Шверцувала течен кокаин во градите

Жена од Хондурас со течен кокаин во градите е уапсена во главниот град на Колумбија.

Аеродромското осигурување  во Ел Дорадо во Богота се посомневало дека нешто не е во ред кога ја забележале нервозата кај 22-годишна патничка со огромни гради, објасни началникот на полицијата Диего Росеро.

Поради тоа, тие наложиле преглед, кој покажал траги на неодамнешниот зафат и импланти, по што таа признала дека во градите има имплантати со непозната содржини кои се вметнати во текот на операциониот зафат во колумбијскиот град Переира, кој требало да го пренесе во Барселона.

Патничката е однесена во болница каде од имплантатите извадени се 1,5 килограми течен кокаин и е хоспитализирана поради инфекција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.