Кокаин вреден милијарда долари запленет во Италија

Полицијата во Италија заплени повеќе од четири тона кокаин, чија вредност на црниот пазар би достигнала цена од милијарда евра.

Во акцијата се уапсени неколку десетина лица, осомничени дека се дел од меѓународниот ланец на трговија со дрога.

Судот во Реџо Калабрија издаде налог за апсење на 34 лица меѓу кои и на неколку високо позиционирани членови на калабриската мафија кои се вклучени во меѓународниот ланец на трговија со дрога, стои во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.