Коке истрча дупло повеќе од Лионел Меси

Има повеќе причини за непријатната елиминација на каталонскиот гигант Барселона во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, а една од нив сигурно е и очајната партија на најголемата ѕвезда на “Ноу Камп”, аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси.

Статистиката по натпреварот покажа дека најдобриот фудбалер на Барселона истрча очајни 6.8 километри на реванш дуелот на “Винсенте Калдерон”, што е за само 1.5 километри повеќе од голманот на каталонскиот гигант, Пинто.

За разлика од Меси, стрелецот на единствениот погодок на натпреварот, малдинскиот репрезентативец на Шпанија, Коке истрча 12.2 километри за 90 минути.