Коке: Ова е како да играме за живот или смрт

Стандардниот првотимец во дресот на Атлетико (М), Коке, ги предупреди тимските соиграчи дека мораат да бидат супер сконцентрирани во сите 90 минути и дека секој на секого мора да му помага затоа што само така може да се победи големиот градски ривал Реал (М) во финалниот натпревар од Лигата на шампиони.

“Мора да бидеме супер-сконцентрирани во сите 90 минути. Само така }е го победиме големиот ривал. Реал (М) го има мо`еби најдобриот тим во целиот свет и многу е тешко да се игра против “кралскиот клуб”. Да потцетам, Атлетико (М) сезонава славеше на “Сантијаго Бернабеу”, остана непоразен на “Ноу Камп”, но Реал (М) не елиминира во Купот на Шпанија. Ќе биде многу интересно, но ние сме свесни, мора да одиграме како да е последен натпревар во нашата фудбалска кариера, како да станува збор за живот или смрт. Реал (М) ја има фаворитската улога, има поголем ростер со фудбалери, имаат повеќе пари. Ќе победи тој што има поголема желба, поголемо срце. Атлетико (М) мора да се брани како една целина”, изјави репрезентативецот на Шпанија.