Магазин

Кокошките тројно се „зголемија“ од 1950, па до сега

Кокошките тројно се „зголемија“ од 1950, па до сега

Ова се три различни раси на кокошки, одгледани со иста исхрана:

Од левата страна е кокошка од 1957 година, во средината раса од 1978 година, а од десната страна, раса од 2005 година. Тие сите се одгледани на на ист начин и фотографирани на иста возраст. Забележливо е дека денешната раса е многу, многу поголема. За само 50 години, кокошките биле одгледувани за да станат многу поголеми.

Оваа фотографија е од една студија на истражувачи од Универзитетот во Алберта, Канада, која покажува три раси на кокошки од различни епохи, но на иста возраст. Мерено е колку тие јаделе и како се зголемиле. Ова им овозможило да ги видат генетските разлики меѓу расите без влијанија од други фактори, како храна или употребата на антибиотици. Тие неодамна ги објавија своите резултати во „Наука за живината“ (Poultry Science).

Што одгледувањето им направи на кокошките

1) Кокошките денес се многу поголеми од оние во 1950-тите: Тоа е прилично очигледно. Кокошките од расата од 2005 година (на десната страна), во просек се четири пати потешки од оние од 1957 година (на левата страна), и покрај тоа што се хранат исто.

2) Кокошки денес се поефикасни во претворањето на храна во месо. Расата од 2005 година била околу три пати поефикасна во ова од кокошката од 1950 година.

3) Современите кокошки, исто така, имаат дополнителни здравствени проблеми: Претходните истражувања забележале зголемена коска, срце и проблеми со имунолошкиот систем. Здравствените проблеми може да се од неколку фактори, вклучувајќи ги и генетските ефекти и разликите во однесувањето, како и исхраната и зголемената телесна тежина

4) Но, токму поради растот на кокошките пилешкото стана популарна храна. Во текот на изминатите неколку децении, пилешкото месо стана многу евтина храна, како и омилена храна на Американците. Во 2013 година, Американците консумирале 83 килограми пилешко по лице.

Screen_Shot_2014-10-02_at_10.31.18_AM.0