четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Коктел за јакнење на имунитетот

gripppp

Последни вести

Луѓето на вируси се изложени секој ден, ги носат во себе, но ќе се разболат дури тогаш кога ќе им падне имунитетот. Значи не е проблемот во вирусите, туку во способноста на организмот успешно да се избори со нив.

За јакнењето на иминитетот доволно е да набавите неколку намирници и од нив да направите коктел и да го консумирате секој ден.

Неколку едноставни напивки за јакнење на имунитетот:

  • Земете корен од ѓумбир, и сварете го како чај. Откако малку ќе се олади, додадете мед и лимон.
  • Ѓумбирот проварете го во вода, оставете го да отстои пет минути и додадете чај од камилица. Процедете и додадете сок од лимон и мед.
  • Сварете цимет, и откако ќе се олади додадете мед

За јакнење на имунитетот важно е и доволно да спиете, бидејќи ненаспаноста го исцрпува организмот, па тој е поподложен на болести.

Сируп за јакнење на имунитетот од домашна работилница:

Состојки

  • 100 гр. сушена кајсија
  • 50 гр. аронија
  • 100 гр. суви смокви
  • 200 гр. суви сливи
  • 1 среден корен од ѓумбир
  • 100 мл. сок од лимон
  • 100 гр. бадеми
  • 100 гр. ореви
  • 50 рг. лешници
  • 50 гр. брусница
  • 3 лажици мед со прополис и матичен млеч
  • 250 гр. мед

Подготовка:

Сите состојќи ставете ги во стаклен сад, но крупното сушено овошје претходно исецкајте го, јатастите плодови сомелете ги, а ѓумбирот изрендајте го. Се заедно испасирајте со миксер. Сирупот ставете го во некоја стаклена тегла или сад и оставате да отстои неколку дена пред употребата.

Сирупот може да го консумираат и деца постари од две години, по мала лажица секое утро. Постарите деца и возрасни земаат по една голема лажица на ден.

Најчитани вести