Колачот по кој сите полудеа

Американците полудеа по кронат колачот на Доминик Ансел, кој е пекар по професија.

Не е ниту крофна ниту кроасан кифла, туку комбинација на двете познати слатки, лиснато француско тесто пржено во масло и пржено донатс тесто, со кремасто полнење и слатка глазура.

Потребни состојки:

За тесто: 3/4 чаша (од 250 мл) топло млеко 1 лажица сув квасец 1/3 чаша шеќер 2 поголеми јајца 1 лажиче ванила 3 1/2 чаши повеќенаменско брашно 1 лажиче сол 1 чаша путер (на собна температура).

За прелив: 1/2 чаша шеќер во прав 3 лажици јаворов сируп (или мед) 1-2 лажици млеко, павлака или вода.

1

Начин на подготовка:

– Во еден подлабок сад помешајте ги млекото и квасецот и оставете да настаса.

– Додадете ги шеќерот, јајцата и ванилата и убаво измешајте. Додадете 1 чаша брашно и сол, па постепено додадете нешто повеќе од 2 чаши брашно со постојано мешање. Месете го тестото додека не стане меко и еластично.

– Тестото ставете го во еден сад, покријте го со пластична фолија и ставете го да отстои 30 минути во фрижидер.

– Во меѓувреме путерот со преостанатото 1/4 чаша брашно неколку минути изматете ги со миксер додека не се соединат.

– Кога тестото ќе се разлади ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во правоаголен облик 33х46 см и дебелина околу 1 цм или потенко. Тестото премачкајте го со путер и превиткајте го на три дела, еден преку друг. Покријте го со пластична фолија и повторно ставете го да стои 30 минути во фрижидер.

– Кога ќе го извадите повторно развлечете во во форма на правоаголник. Повторно левата третина превиткајте ја преку средината, па преку неа повторно десната третина. Полека повторно развлечете го малку тестото и вратете го во фрижидер. Оваа постапка повторете ја уште 2 пати за да ја добиете слоевитоста на крофната. Значи 4 пати треба да ја повторите постапката: преклопување-развлекување со сукало-фрижидер. Кога ќе завршите со слоевите оставете го тестото повторно во фрижидер, но 1 час или пак може и преку ноќ.

– По ова тестото е спремно за печење. Развлечете го со сукало со дебелина од 3 до 5 цм, па со калап извадете крофни (како на сликата).

– Во подлабоко тенџере убаво загрејте масло за пржење, да биде врело. Ставете ги крофните да се пржат од двете страни додека не поруменат и постанат крцкави.

– Готовите крофни наредете ги на хартија за печење за да се впие вишокот маснотија.

– Сега направете го и преливот – помешајте ги шеќерот во прав, медот и млекото и смесата посипете ја по крофните додека се уште врели. Послужете ги топли.