Колариќ: Рашковски да си поднесе оставка во Македонски Телеком

Драги Рашковски веќе два дена молчи, нема намера да си поднесе оставка како Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Не може да се прикрие непотизмот од работењето на Драги Рашковски. Со тоа што неговата баба, Елена Начевска се повлече, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска која беше поставена како претседател на Комисијата за жалби. А, исто така се повлече и неговиот кум, Дејан Костиќ кој го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот.

„Време е Драги Рашковски да покаже барем малку морал и да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата владин претставник во Македонски Телеком, кој сам незаконски се назначи и сам си го потпиша своето решение. Не е прашање овде само за морал. Незаконски е. Се крши законот и око не им трепнува. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком“, рече Колариќ.

Додаде дека станува збор за еден од низата случаи каде уште еднаш се докажува вистинското лице на владата на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев.

„Во оваа влада владее корумпираност и криминогеност. Но на 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа неодговорна и расипничка влада. Социјалдемократскиот сојуз убедливо ќе биде поразен“, порача Колариќ.