Колариќ: СДСМ ја замолкна правдата во Македонија

СДСМ ја замолкна правдата во Македонија, судовите и судиите под притисок на партијата на власт судат политички и под партиски притисок и директива. Терористи и тешки криминалци, убијци и разбојници се на слобода и ќе бидат ослободени во наредниот период од затворите, а нивните места се заменуваат со луѓе кои се невини, луѓе кои се залагаат за унитарниот карактер и историскиот идентитет на Македонија, ова на вечерашниот протест пред Основниот суд го потенцираше Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судот целосно се стави во политичка функција и наместо на страна на правда, прифати да биде на страна на политика кон сите оние кои не мислат како нив. Под притисок денес апелација ги отфрли жалбите на тројцата наши браќа кои се во Шутка, под притисок Апелација прифати незаконски следени комуникации во неколку предмети на СЈО да бидат докази со што човековите права, меѓународните и домашните закони СДСМ, судот и Министерството за правда ги множат со нула. Апелацискиот суд како и се друго се под притисок да го испорачаат сето тоа што го ветуваше Зоран Заев уште во кампањата пред изборите јасно им кажа на судовите, притвор мора да има и ќе има, а на судиите им оставија простор да изберат меѓу сопствениот интегритет и реализирање на нарачките од Зоран Заев и центрите на моќ, вели Колариќ.

Таа додава дека животот нема реприза, животот не учи на грешки, но не потсетува и на сите непредвидени ситуации како што беше и 27 април.

-Можеби СДСМ знаела или очекувала или го подготвила сценариото, но ние не знаевме, ние 70 дена одевме по улиците пеевме песни и испраќавме пораки, а вие не повикувавте 70 дена на искушение и предизвик. Народот не можеше да ги контролира своите патриотски чувства, но ние не сме обични смртници, ние сепак на крајот ќе докажеме дека сме херои на едно време, а вие почитувани, вие ќе се срамите од самите себе, а ќе се срамат и вашите деца, изјави Колариќ.