Македонија

Колариќ: СДСМ наместо парите на граѓаните да ги намени за проекти од витално значење, тие ќе градат станови за мигранти

Колариќ: СДСМ наместо парите на граѓаните да ги намени за проекти од витално значење, тие ќе градат станови за мигранти

Владата предводена од СДС наместо парите на граѓаните да ги намени за изградба на училишта, градинки, болници и други објекти кои се од витално значење за граѓаните кои плаќаат данок, тие парите ги наменуваат за изградба на станови за мигранти кои треба да се доселат во Македонија, истакна Светлана Колариќ, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според планот на Заев и Мила Царовска, во Прилеп е предвидено да се изградат 14 станбени згради за сместување на мигрантите. Изградбата на овие објекти би ги чинело граѓаните 7 милиони евра. Додека во Прилеп имаме млади брачни парови кои се без сопствен стан каде ќе го подигнуваат своето семејство, граѓаните на Прилеп ќе треба да финансираат изградба на станови за мигранти. Додека ВМРО-ДПМНЕ нуди реални и остварливи проекти за секој граѓанин да дојде полесно до свој сопствен дом преку проектот „Стекнување на сопствен дом“, СДС нуди проекти како од парите на граѓаните да се градат домови за лица од третиот свет, рече Колариќ.

„Во Ново Село, по барање на граѓаните, општината поднела барање да и бидат отстапени објектите кои припаѓале на АРМ и истите да ги реконструира во старечки дом и станбени единици за граѓаните. Од Мила Царовска добиле одговор дека тие објекти се предвидени за трајно населување на мигрантите кои треба да ги прими Општина Ново Село. Со тоа, највозрасните граѓани од Ново Село и нивната желба за старечки дом нема да бидат остварени благодарение на политиката на Мила Царовска и Заев на кои приоритет им се мигрантите, а не сопствените граѓани. Во Штип моментално има 2.300 невработени граѓани кои во иднина треба да добијат работно место. Додека ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше реални проекти со кои овие граѓани требаше да дојдат до сигурно работно место, според планот на Мила Царовска во Штип без работа би требало да останат и дополнителен број на граѓани бидејќи Заев и Царовска решиле токму во Штип да населат 6.000 мигранти кои, исто како и сите останати, ќе треба да добијат место за живеење и работа од државата“, додаде Колариќ.

Остануваат, потенцираше таа, уште точно три дена, три дена до 15-ти октомври, денот кога на СДС ќе му биде испорачана казната од граѓаните за ваквата погубна политика.