Колариќ: Шилегов мора да одговори прашањата важни за скопјани

Зошто и натаму Скопје останува најзагадениот град во Светот. Велеа дека имаат стратегија, а во реалноста ниту стратегија има, ниту пак мерки од кој полза ќе имаат граѓаните, изјави во петокот н прес-конференција Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и порача дека градоначалникот Петре Шилегов на седницата за советнички прашања треба да одговори на неколку крупни прашања кои ги интересираат скопјани.

„Зошто и натаму Скопје останува најзагадениот град во Светот. Велеа дека имаат стратегија, а во реалноста ниту стратегија има, ниту пак мерки од кој полза ќе имаат граѓаните.

Зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување на рејтинг анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ?

Поминаа 100 дена, но до каде е изградбата на Универзалната сала, нема ништо од овој толку ветуван проект. Постојниот проект и изградба е закочен.

Нема ништо ниту од проектот овошје за секое дете во училиштата

Нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје.

Предвидува дислоцирање на Галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови.

Гасификацијата на Скопје е закочена.

Зошто наместо проекти, главна цел се како да се вдомат партиските кадри. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена.

Сево ова и многу повеќе Петре Шилегов го прави еден од најнеуспешните градоначалници на градот Скопје. Неговиот досегашен мандат, е мандат на изневерени очекувања, и без проекти и работа“, рече Колариќ.