Колариќ: Шилегов ветува проекти за Скопје кои веќе се реализирани

Патологијата во СДСМ ѝ е веќе позната на јавноста, лагите и манипулациите и ветувањата на ветер и магла ги срозија граѓаните и ја носат државата кон една огромна бездна. Ветерот и маглата се обидоа да и ја продадат на Македонија, но не успеajа, а сега Шилегов се обидува да ја продаде на скопјани, обвинува Светлана Колариќ, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов во недостиг од идеи и капацитет ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ветува работи кои се веќе реализирани. Шилегов ветува подземни контејнери на граѓаните, проект кој е веќе реализиран на повеќе локации од градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Шилегов да излезеше меѓу граѓаните ќе знаеше дека проектот ‘мој паркинг’ и ‘зелен регистар’ е исто така реализиран од Коце Трајановски. Шилегов од програмата на Коце Трајановски го украде и проектот ‘Скопје Вело Град’ кој е веќе реализиран со голем број велосипеди кои можат граѓаните да ги изнајмат, а започната е нова јавна набавка за набавка на нови велосипеди. Шилегов вети и враќање во функција на езерото Треска. Шилегов вети и излажа уште еднаш, езерото Треска е под ингеренција на општината Сарај и градоначалникот на Скопје таму нема никакви ингеренции“, потсети Колариќ.

Истакна дека кандидатот на СДСМ, пратеникот Петре Шилегов „сее магла“ со своите ветувања за жителите на главниот град.

„Шилегов нема ниту еден единствен издржан проект за Скопје. Затоа ќе биде казнет од граѓаните на 15-ти октомври“, порача Колариќ.