Спорт

Коларов ќе добие понуда од Јуве, Наполи и Галатасарај

Коларов ќе добие понуда од Јуве, Наполи и Галатасарај

Англиските медиуми се убедени дека српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Александар Коларов ќе добие најмалку три примамливи понуди за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Иако има статус на стандарден првотимец на „Итихат”, челниците на Манчестер Сити во целост не ја отфрлиле можноста за продажба на офанзивниот лев бек, но под услов, заинтересираниот клуб да го исплати побараното обештетување кое нема да биде помало од 15 милиони фунти.

Веќе подолг временски период, Коларов е поврзуван со трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, но англиските медиуми се убедени дека понуда за 28-годишниот бек ќе испратат и челниците на Наполи и Галатасарај.