Колaров за постигнатиот гол доби подарок автомобил

Српскиот репрезентативец Александар Коларов, кој го постигна единствениот гол во победата во на неговата селекција против Костарика на дуелот од Светското првенство во фудбал, доби неочекуван подарок од градот домаќин на дуелот Самара.

Имено, гувернерот на Самарската област Дмитриј Азаров му подари на Коларов автомобил „лада“ кој се произведува токму во овој град.

„Жителите на Самара одлучија на првиот фудбалер кој ќе постигне гол на нашиот стадион да му подарат автомобил за убави спомени од Самата. Многу ми е мило што на Коларов да му го врачам сертификатот за автомобилот Лада 4х4“, го цитира Азаров агенцијата ТАСС.

Коларов во 56 минута од мечот постигна многу убав гол, кога шутираше од слободен удар од 25 метри и го погоди самиот горен лев агол од голот на костариканскиот и голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас.