Колдинг без Болдсен против Металург

Екипата на Колдинг ќе мора да настапи без искусниот лев бек Јоаким Болдсен (36), во 1/8 финалето од лигата на шампионите против  Металург. Јоаким го повреди коленото на полуфиналниот натпревар во Купот на Данска, против екипата на Мидтјиланд. Според информациите од Данска, се стравува дека специјалистот во одбраната на Колдинг ќе мора предвреме да ја заврши својата кариера и дека полуфиналниот натпревар во Купот е неговата последна средба во врвниот ракомет.

Болдсен и претходно најави дека тековната сезона е негова последна во кариерата, па повредата на лигаментите на коленото само ќе го забрза неговото заминување.

Болдсен се појави на терен на загревањето пред финалниот натпревар против екипата на Силкеборг, но почувствува болка и се врати во соблекувалната.

“Се обидов да се загреам, но, по само неколку минути, сфатив дека болките се пресилни и морав да се повлечам“, рече Болдсен