Колегите од Ф1 со последен поздрав до Жил Бјанки

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ја предводеше групата возачи од Формула 1 кои дојдоа на погребната церемонија во Ница, за да се простат од својот колега Жил Бјанки, кој почина откако девет месеци беше во кома, по страшната несреќа што ја имаше на трката за Големата награда на Јапонија.

„Жил се бореше до самиот крај, беше воспитуван во таков дух, но, за жал, неговата борба заврши. Вечно ќе остане тага и болка во нашите срца“, се вели во соопштението што го издаде семејството Бјанки.

bjanki-pogreb-2
Хамилтон испраќа последен поздрав до својот колега Бјанки

Покрај Хамилтон, на погребната церемонија во Ница се појавија и Ромаин Грожан, претседателот на ФИА, Жан Тод, легендарниот Ф1 возач Алан Прост и многу други видни личности од светот на Формула 1.

Младиот Жил Бјанки возеше 34 трки во Ф1 и го освои првиот бод за тимот на Марусија, на трката за ГН на Монако минатата година.