Колегиумот на МРТ се извинува за недоследностите во интервјуто со Јанева

Партискиот уредник со политички нарачаните интервјуа го руши угледот на националната телевизија и ги доведува во заблуда граѓаните.

Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено?, се вели во реакцијата на Колегиумот на Првиот програмски сервис на МРТ по емитуваното интервју со Катица Јанева.

-Случувањата и настаните поврзани со интервјуто на специјалната јавна обвинителка во Дневниците на МТВ1 и настаните кои следствено се случуваа потоа со протекување на снимката ги карактеризираме како неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис преку вештачко билдање на програма која што, не смееше да му случи на ниеден уредник и Телевизија без потребната подготвеност и професионалност во продуцирање на истата. Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Овие работи повеќе и ги нема како реалност во МТВ, по преземањето на уредничкото место во Информативната програма. Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај, стои во реакцијата од Колегиумот.

Во истата се нагласува дека доколку одговорниот уредник на МТВ1 или Колегиумот на Првиот програмски сервис беа директно инволвирани во реализацијата на интервјуто, за истото да изгледаше по сите стандарди и нормативи на професионално работење, сега немаше да дојдеме до ситуација никој да извинува на никого.

-А кога сме кај извинувањата сметаме дека токму главното извинување треба да дојде од другата страна, Информативната програма, која што во максимално непрофесионален процес го продуцираше истото и емитуваше без согласност и увид на Главниот и одговорен уредник и програмскиот Колегиум на МТВ1, извинување кое треба да биде упатено, не само кон Специјалното јавно обвинителство туку и кон колегите од Информативната програма и целокупниот новинарски тим од МТВ1, стои во реакцијата.

Првиот програмски сервис на МРТ се извинува на гледачите за објавеното интервју и недоследностите кои излегоа од него.