Колев: Најмалку 110 милиони денари во проекти за општина Босилово

берово

Ќе бидат инвестирани околу 110 милиони и 109 000 денари, за предвидените проекти.

Ќе инвестираме во изградба на патишта. Ќе го довршиме локалниот пат Радово-Босилово со изградба на мост. Ќе се инвестира во изградба на мост на реката Водочница на патот помеѓу селата Бориево и Колешино, во соработка со општина Ново Село и општина Струмица. Ќе се реализира и патниот правец од Еднокуќино до Муртино, преку средства обезбедени од бирото за Регионален развој, проект изгласан преку советот за градоначалници на центарот на Југоисточен плански регион, рече Колев.

Ќе има инвестиции и во изградба на нова водоводна мрежа во населените места Иловица и Штука, проект кој ќе се реализира со помош на Владата преку Министерството за транспорт и врски. Средствата се во висина од околу 12 милиони денари, додека пак останатиот дел од средствата се обезбедени од општинскиот буџет и од донатор, компанијата Еуромакс ресурси.

Не ги запоставуваме и другите области, како што се спортот и рекреацијата наменети за помладата популација. Ќе инвестираме во изградба на две повеќенаменски игралишта. Едно во населеното место Еднокуќево а другото во населеното место Робово а ќе изградиме и еден помал плоштад во населеното место Моноспитово. Инвестираме во сите области. Се она што е надлежност на општината гледаме и се трудиме да го покриеме со проекти, појасни Колев.