Колев: Времето ќе покаже дека Талески постапувал по сите законски прописи

Закон за јавни набавки е донесен под сугестии и директиви на Европската унија, градоначалникот нема големо влијание врз набавките на стоки и услуги во општините, а за она што се товари г-динот Талески времето ќе покажe дека било во согласност со сите законски прописи, изјави градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев.

Со градоначалникот на Битола, Владимир Талески се знам од поодамна, ние со него два мандати сме членови на управниот одбор на заедницата на единицата на локалната самоуправа во Македонија и го познавам како човек кој секогаш знаел да даде конструктивни предлози во врска со измена или подобрување на законските решенија кои ја регулираат проблематиката на локалната самоуправа, односно забрзување и поуспешно реализирање на процесот на децентрализација. Во врска со последните случувања како градоначалник знаејќи ги законските прописи знам дека градоначалникот нема многу влијание врз набавките на стоки и услуги во општините и имајќи предвид дека имаме закон за јавни набавки кој е донесен така да речам под сугестии, под директиви од страна на Европската унија и знаејќи го и  Талески верувам дека за она што се товари, времето ќе покажи дека било во согласност со сите законски прописи и законската регулатива која ја третира проблематиката на набавка на стоки и услуги во општините односно во случајот во училиштата кои се под надлежност и ингеренции на општината, вели градоначалникот Колев.