Колев: Заев на својот братучед преку тендери му исплатил 400 илјади евра

Зоран Заев и’ овозможил на фирмата на својот братучед Трајче Заев да се стекне со приход од речиси  400.000 евра, преку јавни набавки со општина Струмица и нејзините општински институции, тврди Александар Колев од ВМРО ДПМНЕ.

Според информациите кои денеска ги обелодени Колев, фирмата АДГ Пелагонија Струмица во која Трајче Заев е еден од сопствениците склучила 15 договори со општина Струмица во вкупна вредност од 24,5 милиони денари, а три склула со општинското комунално претпријатие во вредност од 12,5 милиони денари.

„Ако вчера говоревме дека Заев, користејќи ја позицијата градоначалник и обезбедил заработка од пола милион евра на фирмата Зови Промет во сопственост на неговиот татко и неговиот чичко, сега гледаме дека и фирмата АДГ Пелагонија Струмица во која сопственички удел  има неговиот братучед, стекнала приход од околу 400 илјади евра. Сите овие 15 тендери со општина Струмица и нејзините институции фирмата АДГ  Пелагонија  Струмица ги добива од 2008 година, откако Трајче Заев, влегува како еден од сопствениците на оваа фирма. Тоа значи дека фирмата АДГ Пелагонија добила  од општина Струмица 400.000 евра откако во неа влегува братучедот на Зоран Заев“, вели Колев.

Колев го повика Заев да одговори зошто токму фирмата во која еден од сопствениците е неговиот братучед

„Очигледно Кланот Заеви во општина Струмица имаат фирми за секоја јавна набавка. Овој октопод на фирми на Зоран Заев по правило секогаш ги добива тендерите со општина Струмица и општинските институции. Еднаш тоа е фирмата на неговиот татко и чичко, вторпат тоа е фирмата на неговиот братучед Трајче Заев, или пак фирмите на неговиот брат, неговата стрина или братучетка“, вели Колев.