Колев: Заев не бирал начин како да обезбеди пари за фирмите на своите соработници и партнери

Зоран Заев не бирал начин како да обезбеди пари за фирмите на своите соработници и партнери, вели Александар Колев од ВМРО ДПМНЕ барајќи одговори од струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ околу случаите на сомнителни јавни набавки во кои договори и’ биле доделувани на фирмата на сопругот на пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.

„Во целиот овој случај на сомнителни јавни набавки, симптоматично е тоа што, случајно или не, речиси сите јавни набавки се расцепкани и поделени на поголем број на јавни набавки, очигледно со единствена цел и намера овие тендери да ги добие фирмата Дикор без претходно таа да има обврска за распишување на јавен оглас, односно да се потпише договор во четири очи. Фирмата Дикор со Општина Струмица еднаш склучувала договор за асфалтирање на улица со куќен број од 9 до 12, за потоа на истиот ден да склучи уште еден договор за асфалтирање на истата улица но овој пат со куќен број од 36 до 63. Иако станувало збор за една иста улица, очигледно Зоран Заев не бирал начин како да обезбеди пари за фирмите на своите соработници и партнери. Ова претставува класично заобиклување на законите, се со цел да се овозможи милионски профит на семејната фирма на пратеничката Цветанка Иванова“, вели Колев.

Колев ги повика Заев и Иванова да објаснат како е можно дури во 48 наврати токму семејнаа фирма на Иванова да добива тендери во Струмица, а градоначалникот да не го знаел тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.