Колевски: Пред 8 години во Кавадарци за комунална изградба имало максимум 60 милиони денари годишно, а оваа година имаме повеќе од 150 милиони

ВМРО-ДПМНЕ преку панел дискусии продолжува да го презентира она што градоначалниците од оваа партија го сработиле за своите општини. На денешниот панел „Инвестираме во локалната самоуправа“, говореше Ванчо Колевски директор на јавно претпријатие во Кавадарци.

-Сакам да истакнам дека овие осум години во Кавадарци се една комунална изградба од поголем обем за разлика од претходно. Пред 8 години комуналната изградба беше максумум 60 милиони денари, со текот на години истата се зголемува, оваа година имаме преку 150 милиони денари предвидени за комунална изградба, изјави Колевски.

Тој кажа дека таа опфаќа повеќе сегменти од животот на граѓаните. Тој кажа дека за нејзино изработување се одржуваат средби со урбаните и месни заедници, каде што се земаат идеи од граѓаните и врз основа на тие идеи се врши анализа и сублимирање. Тој се осврна и на детските игралишта.

-Кога станува збор за капиталните објекти, неминовно е да се спомене решавањето на деценискиот проблем на општина Кавадарци,проблемот со водоснабудањето. Истиот проблем беше решен од технички аспект со нов цевковод, односно нов довод на околу 150 литри во секунда вода, преку цевковод долг девет километри, изјави Колевски.