сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Количината на податоци што „Гугл“ ја собира за нас е застрашувачка!

Гугл постигна доминација во нашите животи, тоа е фер заклучок. Неговите продукти се генерално супериорни споредено со неговите коонкуренти. И често се бесплатни сервиси. Но, Сега Гугл има пристап до далеку повеќе податоци отколку пред 10-тина години.

google_satellites

Последни вести

„Гугл“ пронаѓа се повеќе начини да се интегрира во речиси секој аспект од нашите животи. „Гугл“ го има најголемиот пребарувач на светот, најголемата видео платформа (Youtube), најчесто користениот е-мејл сервис, и најголeмиот оперативен систем (Android).

Сето тоа сублимирано, значи дека „Гугл“ во суштина знае се’ за нас – што пребаруваме, на кои реклами кликаме, за што пишуваме, што гледаме, и кои апликации ги сакаме. Проектите како очилата и самоуправувачките коли се само следните чекори во патешетствието да се созрее во „сезнaечка“ компанија. Со очилата, луѓето можат да влезат во информациите во реално време без да мора да го проверуваат телефонот.

Ќе знае речиси се’ за нас – не само онлајн светот , туку и офлајн светот, забележуваат „Бизнис Инсајдер“.

Наскоро „Гугл“ ќе има сателити кои ќе надгледуваат се’

„Скајбокс имаџинг“ (Skybox imaging), Гугл има пристап до „тони“ слики и видеа во висока резолуција од пејзажи низ целиот свет.

„Нивните сателити ќе ни помогнат да ги одржиме мапите точни со навремени фотографии. Со тек на време се надеваме исто така, дека тимот на Скајбокс и технологијата ќе бидат во можност да го подобрат пристапот до интернет и да дадат олеснување при несреќите,области во кои Гугл одамна има интерес.“, велат од „Гугл“, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Накратко, Гугл во суштина сега има сопствена мрежа за надгледување и пристап до производните операции на Епл. Поточно до сечии операции.

Дроновите на Гугл, можат да надгледувааат се’, од истурање на нафта до обесшумување и можат да останат во воздух до пет години

„Гугл“ ко купи „Titan Aerospace“ заради неговите високолетачки соларни дронови, за 60 милиони долари.  „Titan Aerospace“, преку „Гугл“ развива дрон на соларна енергија наречен „Armostat“ кој што е атмосферски сателит. Идејата е да се искористат дроновите за да ги поддржуваат мапите на „Гугл“ и сродните производи, како и да помогнат делови од светот коишто сеуште не се поврзани со интернет да ги донесат во конекција.

titan-drone-5

Роботите на „Гугл“ можат да ползат, скокаат, да се качуваат, да галопираат дури и низ тешко проодни терени.

Гугл потроши неограничена количина на средства во „Boston Dynamics“, инеженерска компанија која е специјализирана за изградба на роботи и софтвер за хумана симулација

Компанијата е најдобро позната за нејзиниот робот „Големо куче“, дизајниран за војската на САД.

Роботите независно реагираат на околината –  го усоворшуваат учењето машина-околина, широко прифатено како најпотребно за усовршување на следната генерација на технологија.

Под претпоставка дека Гугл успешно пристапува на интернетот во две третини од светот, роботите можат да направат интернетот да е поразбирлив за следната генерација на корисници.

boston-dynamics-7

 Наскоро, Гугл ќе знае што правите дома во вашиот дом благодарение на паметниот термостат Нест

Гугл многу едноставно би  можел да стане вашата следна енергетска компанија, благодарение на инвестициите во паметниот термостат Нест. Енергетските инвестиции на Гугл вклучуваат резидентни компании за соларна енергија како Sunpower, Pandahall2 wind farm, Elon Musk1s Solar City. Всушност, Гугл инвестираше околу 1 милијарда во ветерни и соларнипроекти .

Мотото на Гугл долго време беше „Не бидете зли“. Нашироко , си го одржаа зборот. Но, со зголемениот број на извори на податоци кои ги има, сепак замислата што се може да направи со армиските роботи, дроновите и сателитите, навистина може да биде застражувачка.

Во меѓувреме, НСА има пристап до сите информации на Гугл кои ние доброволно ги даваме. Со цел да се направи ова потешко, Гугл најави дека ќе ги енкриптира сите е-маил пораки додека се во транзит.

Гугл се труди да ги убеди луѓето дека нивните податоци се сигурни, но во реалноста, сепак тие имаат пристап до сите комуникации.

Нашите избори исчезнуваат

Гугл постигна доминација во нашите животи, тоа е фер заклучок. Неговите продукти се генерално супериорни споредено со неговите коонкуренти. И често се бесплатни сервиси. Но, Сега Гугл има пристап до далеку повеќе податоци отколку пред 10-тина години.

Гугл ја има број 1 платформата за смартфони, имајќи предвид дека Андроид поседува 52 отсто од пазарот во САД, и повеќе од 80 отсто од вкупниот пазар во светот. Има публика од 187 милиони посетители само на десктоп.

Од страна на корисниците, би можеле да престанете со користење на овие производи, но реално тоа би ви го отежнало животот.

Дури и доколку се исклучите од користњето на производите, сепак тоа нема да го спречи „Гугл“ од тоа да ве снима со помош на дроновите, а никој не може да ја предвиди сериозноста на последиците од располагањето со толкава количина на податоци за нас, напоменува „Бизнис Инсајдер“.

Најчитани вести